Нетанјаху го отфрли палестинскиот ултиматум

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли сите палестински обиди да му постават ултиматум на Израел за ставање крај на окупацијата со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Нема да ги прифатиме обидите да ни диктираат унилатерални потези. Во реалноста во која исламскиот тероризам пристига од сите страни на светот, го отфрламе секој обид што ќе доведе тероризам во нашиот дом – соопшти Нетанијаху пред да замине за Рим, каде треба да се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери.

Палестинците во неделата најавија дека в среда пред Советот за безбедност на ОН ќе претстават резолуција што ќе даде рок од две години за Израел да се повлече од окупираните палестински територии.

Кери и Нетанјаху денеска ќе разговараат за палестинската резолуција, а се очекува САД да постават вето.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел