Нетанjaху: Доколку Хамас го отфрли примирјето Израел ќе ја прошири воената операција во Газа

Од:

Доколку палестинското движење Хамас го отфрли предлогот на Египет за примирје и продолжи со ракетните напади израелската армија ќе ја прошири својата воена операција во Појасот Газа, предупреди денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Доколку Хамас не го прифати египетскиот предлог, што е актуелен во моментов, Израел ќе има полно законско право согласно меѓународните норми да ги прошири своите воени операции за да го поврати мирот, изјави Нетанјаху на средбата со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во Министерството за одбрана во Тел Авив.

– Во текот на изминатата недела, на Хамас и другите терористички организации им нанесовме тешки удари. Им париравме на обидите да се нападне израелското население, рече премиерот.

Нетанјаху, пренесуваат британските медиуми, објасни дека Израел се согласува со египетскиот предлог  да се даде можност со дипломатски средства да се демилитаризира Појасот Газа – од гранати, ракети и тунели.

Шефот на германската дипломатија ги повика одговорните страни во Појасот Газа под итно да го прифатат примирјето со Израел, предложено од Египет, пренесе ДПА.

– Вратите за прекин на борбените дејствија се отворени и се надевам дека ќе биде можно да преземеме натамошни чекори во овој правец, рече Штајнмаер на прес-конференцијата со Нетанјаху во Тел Авив.

Тој го истакна пријателството на неговата земја со Израел и забележа дека „Израел според меѓународното право го има политичкото и морално право да се брани“.

И американскиот државен секретар Џон Кери денеска го повика Хамас да го прифати египетскиот предлог за запирање на огнот и прекин на вооружените дејствија меѓу Израел и Хамас.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел