Нетанјаху: Да не им се испорачува оружје на сириските бунтовници

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во интервју за Би-Би-Си побара да не им се испорачува оружје на сириските бунтовници, нагласувајќи дека неговата земја ќе го искористи правото да ги блокира испораките „поради ризик оружјето да стигне до рацете на терористи“.

– Вооружувањето на бунтовниците го поставува прашањето кои се бунтовниците и какво е оружјето. Ситуацијата е сложена.

Ние сме загрижени дека оружјето, кое би ја изменило рамнотежата на силите на Блискиот Исток, би можело да стигне во рацете на овие терористи, изјави Нетанијаху, потенцирајќи ја инфилтрираноста на џихадистичките групи и Ал Каеда во редовите на бунтовниците.
Тој ја спомена и либанската група Хезболах, која го поддржува режимот во Дамаск против бунтовниците.

– Главна закана е оружјето кое веќе се наоѓа во Сирија. Станува збор за противвоздушно, хемиско и друго многу опасно оружје, кое би можело да го смени односот на силите, истакна израелскиот премиер.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг вчера изјави дека Велика Британија и Франција ќе продолжат да работат за укинување на ембаргото на ЕУ за вооружување на бунтовниците во Сирија.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски