Несогласување на северноирските унионисти и републиканци околу ослободувањето на Џери Адамс

Од:

Северноирските унионисти, протестанти и републиканците, католици се огласија со крајно спротивставени гледања околу ослободувањето, без покренување обвинување, на лидерот на Шин Феин, Џери Адамс, предизвикувајќи загриженост дека тоа може да го наруши мировниот процес.

Унионистите од ДУП (Демократската унионистичка партија) и републиканците од Шин Феин, кои ја сочинуваат сегашната заедничка влада во Северна Ирска и се основата на процесот за помирување во покраината, имаа различни позиции и при апсењето на Адамс,минатата среда,кога тој добровлно отиде во полициската станица во Антрим,за да да даде изјава,а таму му беше речено дека е уапсен.

Тој беше задржан на сослушување четири денови,а доцна синоќа беше ослободен.

Полицијата не покрена формално обвинување против него,туку целиот случај,со сите сознанија, му ги префрли на Јавното обвинителство на Северна Ирска. Адамс беше уапсен и испрашуван, откако еден поранешен припадник на паравоената Ирска републиканска армија (ИРА) го обвини сегашниот лидер на Шин Феин дека бил поврзан со грабнувањето и убиството на Џин Меконвил,извршено во 1972 година,од припадници на ИРА кои погрешно ја обвиниле оваа мјка на десет деца дека е шпион на британската војска во Северна Ирска.

Шин Феин го осуди апсењето на својот лидер,инсистирајќи дека е политички мотивирано,затоа што доаѓа во време на предизборна кампања.Кога судот и дозволи на полицијата, Адамс да остане уште 48 часови во притвор,за да продолжи со испрашувањата,оваа партија реагираше со предупредувањето дека „вознемиреноста на републиканската (католичка) заедница се зголемува секој час“. Со несогласување со одлуката на полицијата токму сега да го решава случајот стар 42 години и да го апси лидерот на најголемата републиканска партија,се огласија и другите партии од овој блок,но не беа забележани никакви инциденти.

Унионистите,како оние од ДУП,така и другите партии сметаа дека полицијата „не треба своуте дејствувња да ги уредува според изборниот календар„, како и дека „никој не е над законот“.

Кога Адамс беше пуштен,а особено кога се виде дека тој не е обвинет,унионистите налутено реагираа дека станува збор за „политички притисок“ од страна на Шин Феин и дека со ваквиот расплет е нанесено „понижување на северноирската полиција“.

Партијата на Адамс и тој самиот,во првата изјава по излегувањето од притворот рекоа дека станува збор за „погрешен тајминг“, инсистирајќи дека тие ја подржуваат работата на полицијата и нејзината намера да се открие вистината за ликвидацијата на Меконвил од пред повеќе од четири децении.

Лидерот на ДУП и прв министер на Северна Ирска,Питер Робинсон,меѓутоа,го обвини Шин Феин дека со критиките за лошо одбраното време (за апсење и сослушување на Адамс) се прави обид да се „уценува полицијата“.

Доцна синоќа во делови од Белфаст,каде требаше да поминат возилата со ослободениот Адамс,беа поставени барикади,а десетици унионисти протестираа против ослободувањето на лидерот на Шин Феин,па возилата мораа да минуваат по сосема друга траса.Насобраните деминстранти тврдеа дека полицијата била присилена од политичарите да го пушти Адамс од притвор.

Во првата изјава,тој уште еднаш рече дека тој нема никаква врска со злосторството во 1972 година и дека целата работа му е подметната од луѓе кои се противници на мировниот процес.Адамс одново ја истакна решеноста на неговата партија да се продолжи со процесот што почна со мированата спогодба од Стормонт во 1998 година,инсистирајќи дека Шин Феин останува посветена на мирот.

„ИРА е минато,таа не постои и сето тоа е завршено„-рече Џери Адамс во Белфаст,но британскиот премиер Дејвид Камерон и премиерот на Ирска Енда Кени,доцна синоќа разговараа по телефон,околу случајот со овој северноирски и ирски политичар.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски