Демонстрации и насилство се шират по улиците на Катманду откако на полноќ стапи на сила новиот Устав на Непал.
Тој е оценет како критичен за разгорување на несогласувањата и зголемување на нестабилноста во Непал кои тлеат уште од граѓанска војна во 2006 година.
Веќе подолго време на земјата и се заканува поделба по етнички линии.
Федералната партија на Непалците бара отцепување и формирање својата сопствена држава и влада:
„Ние ќе прогласиме сопствена држава и лидер, ќе формираме паралелна влада и претседател на државата. Уставот ќе го запалиме на сред улица“ рече секретарот на партијата.
Маоистичкиот пратеник Тилак Паријар изјави дека актуелните 601 избраници во парламентот не се следбеници на лидерите, туку преставници на народот кои треба да ги исполнат своите обврски.
Владата не успеа да ги смири тензиите, и покрај преговорите со демонстрантите, па судирите продолжуваат и во текот на ноќта.
Преговарачите велат дека ќе мора да се прогласи вонредна состојба која ќе може да го продолжи мирот во земјата барем уште шест месеци, додека не се распишат нови избори.