Здружени француско-непалски спасувачки екипи вчера од под урнатините на станбен блок главниот град на Непал, Катманду го извлекоа 28-годишниот Риши Канал, кој минал 84 часа во соба со три мртви тела.
Канал во тие 84 часа кои почнаа во саботата, кога земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Непал, немал пристап до вода и храна.
– По се изгледа тој преживеал само со силјата на волјата, изјави лекарот Акхилеш Срест.
Спасувачките екипи пет часа се пробивале и го уривале ѕидот откако слушнале повици за помош.