Непал го доби првиот пишан Устав

Од:

Непал денеска го доби првиот пишан Устав, подготвен од пратениците, откако претседателот Рам Баран Јадав го објави неговото стапување во сила, пренесува ДПА.

– Го прогласувам новиот Устав на Непал за активен пред народот на Непал, изјави Јадав, откако го потпиша документот на церемонија во парламентот.

Сега желбите на народот добија конкретна форма. Со овој документ се институционализира федералната демократија во Непал, истакна претседателот.

Сепак, новиот Устав е донесен во време на насилство, откако јужните делови на Непал се зафатени од немири во кои загинаа 40 лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се