Бројот на загинати во земјотресот во Непал достигна 3.729 луѓе, а повредени се 6.944, соопшти непалското Министерство за внатрешни работи.
Најголем број загинати има во Катманду – 808 и повреени 2.400. Во градот Бхаптапур загинаа 232 лица и уште толку се повредени.
Јапонија ќе обезбеди милијарда јени (6,7 милиони долари) помош за настраданите во земјотресот од 25 април во Непал.
Голем дел од населението на Непал спие на отворено по саботниот потрес бидејќи домовите им се сраменти со земја или затоа што стравуваат од нови потреси.