Пакистанката Бадам Зари, која не знае да чита и пишува, ќе стане правата необразована жена која ќе се кандидира за пратеник во племенската област на која што и се закануваат талибанците.
Иако има мала можност да победи, нејзиниот ентузијазам е голем бидејќи прави голем чекор за еманципација на жените во еден од најконтраверзните делови на Пакситан, каде што на жените им е забрането да гласаат.
-Учествувам страсно во изборите, со чисто срце и совест. Сакам да ги образувам идните генерации, и да им служам на девојките и жените. Знам дека сум прва жена која учествува на изборите и се надевам дека ќе победам – вели 53-годишната Пакистанка за „Франс прес“.
Таа на изборите ќе учествува како независен кандидат и нагласи дека нема од што да се плаши, но вели дека нема да може да води јавна кампања.
-Не се плашам, никој не ми се закани- вели храбрата Зари.
Изборната комисија во сабота ја прифати нејзината кандидатура, а според законите во Пакистан на необразовните луѓе не им е забрането да учествуваат на изборите за парламентот.
Елена Георгиевска