Необичен конвој: Тајна мисија за извлекување 50 милиони долари од северот на Газа

Од:

Минатиот вторник, под превезот на краткото примирје меѓу Израел и Хамас, конвој возила се упати низ урнатините на северна Газа на една од најнеобичните мисии на војната: враќање на околу 180 милиони шекели во готовина. Оваа залиха банкноти, тешка речиси еден тон и вредна 50 милиони долари, се наоѓаше во две филијали на Банката на Палестина лоцирани во делови од опколената енклава каде што речиси нема цели згради или функционални банкомати.

Претставниците на Банката на Палестина, загрижени поради зголемениот недостиг на готовина во јужниот дел на Газа, каде што побегнаа повеќето од 2,3 милиони жители на енклавата, го гледаа примирјето како можност да ги вратат шекелите „заглавени“ во северна Газа што може да помогне да се спречи економскиот колапс.

Операцијата за обновување, наречена ConOps-Gaza, бараше обемно планирање: поддршка од ОН, чувари, одобрение од Израел и исклучително разработен безбедносен план. Помал транспортен контејнер е исполнет со приближно 900.000 банкноти. „Тоа беше многу необичен конвој. Надреално, но неопходен“, изјави за Фајненшл Тајмс лице вклучено во логистиката на потфатот.

Банкнотите сега се достапни за оптек во јужниот дел на Газа, каде властите се обидуваат да го задржат протокот на пари секој ден и покрај интензивните израелски бомбардирања. За време на секојдневното бомбардирање на Газа, вработените во банката користеа приватни автомобили за да одат во затворени филијали, да вадат готовина од трезорот и да полнат банкомати.

Палестинските банки се обидуваат да ја ублажат огромната економска криза во Газа, каде опколеното население се соочува со поскапувања, недостиг на храна и постојана закана од бомбардирање. Дури и пред конфликтот, 81 процент од населението на Газа се сметаше за сиромашно и се потпираше на меѓународна помош, според бројките на ОН.

„Од почетокот на војната, позајмив пари од речиси сите што ги познавам“, рече Ијад Калед, државен службеник кој побегна од северна Газа во јужниот град Кан Јунис со 10 членови од неговото семејство.

Има недостиг од книжни пари и неконтролирана инфлација низ појасот Газа. Основните потреби се многу тешко достапни; како што се млекото во прав, брашното и солта, а цените на овие производи драстично се зголемени. Нема свежо млеко, јајцата се трипати поскапи од порано, а брашното десеткратно поскапе.

Би можело да ве интересира

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

Паралелно со нападите врз Либан, Израел продолжува да ја бомбардира Газа

Дали е убиен лидерот на Хамас Јахја Синвар – израелската војска ги истражува разузнавачките информации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Македонија воздржана за Резолуцијата за повлекување на Израел од Газа и Западен брег

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел објави видео од драматично спасување заложник, Хамас тврди дека е пуштен

Катерина Ѓуровски