Немири во Каиро, над сто повредени

Од:

Во судирот меѓу противниците и приврзаниците на египетскиот претседател Мухамед Мурси, на плоштадот Тахрир во Каиро, повредени се 110 луѓе.

Ова е најжестоко насилие откако исламскиот лидер Мурси во јуни, стапи на власт. На плоштадот се собрале повеќе илјади луѓе, пренесуваат агенциите.

До судирите дошло откако либерални и левоориентирани демонстранти почнале да скандираат пароли против владејачките „Муслимански браќа“.

Двете групи демонстранти се гаѓале со камења и на крајот приврзаниците на претседателот Мохамед Мурси, ја турнале сцената, подигната од противниците на претседателот. Полицијата не интервенирала.Партиите од секуларниот табор вчера се собраа на однапред планирани демонстрации поради доминацијата на исламистите во Уставотворното собрание задолжено за нацрт на новиот устав, како и против начинот на владеењето на претседателот Мурси кој дојде на челната функција по соборувањето на Хосни Мубарак.

Нереди имало и во градот Махала ел Кобра, упориште на противниците на режимот, каде демонстрантите го запалиле седиштето на Муслиманското братство, пренесува АП.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет