Немири на протестот во Виена против ограничувачките мерки, приведени 23 демонстранти

Од:

Австриската полиција уапси 23 лица и поднесе кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти кои вчера во Виена протестираа против мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Полицијата денеска соопшти дека демонстрантите на вчерашниот протест не ги почитуваа правилата за држење растојание и носење маски. Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.

На протестот присуствуваа околу 10.000 лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата.

Собирот почна мирно, но подоцна прерасна во несилство.

Медиумските известувачи од настанот соопштија дека некои од демонстрантите им се заканувале со насилство.

Меѓу учесниците на митингот беше и крајно десничарскиот австриски политичар и поранешен вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија ќе го продолжи „локдаунот“ за уште две недели, до 8 невруари, изјави канцеларот Себастијан Курц, објаснувајќи дека тоа е потребно поради ширењето на новиот позаразен вид на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Австрија

Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19

Австрија в понеделник го укинува „локдаунот“ за невакцинираните

Австрија воведува задолжителна вакцинација за сите над 18 години

Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена