Локалните власти во чешкиот главен град ќе преземат мерки за да ги „избркаат“ бездомниците од јавниот превоз, јави дооисникот на МИА од Прага.
Според градоначалникот Томаш Худечек, главната цел е да се се натераат бездомниците доколку сакаат да се возат во средствата за јавен превоз во градот, да ја одржуваат личната хигиена која им се нуди во социјалните центри.
– Тоа нема да биде евтин потег, но сметаме дека е тоа социопатолошки феномен кој требаше да се реши уште одамна, смета Худечек.
Според планираното низ градот ќе бидат ангажирани посебни службеници и полицајци кои ќе имаат конкретни задачи за задржување на бездомниците.