Борис Немцов, опозициски лидер во Русија кој беше убиен синоќа во Москва, неодамна рекол дека се плаши дека Путин ќе го убие.
Синоќа во близина на Кремљ од бел автомобил излегле повеќе лица кои со четири куршуми во грб го убиле Немцов.
Тој пред две недели рекол: „Се плашам дека Путин ќе ме убие“.
„Немцов повремено примал анонимни закани преку социјалните мрежи и бил загрижен за својата безбедност“, рекла опозициската политичарка Илја Јашин додавајќи дека не сакал дополнително обезбедување бидејќи, како што рекол „ако сакаат да ме убијат, ќе ме убијат“.
Опозицискиот лидер претходно на Твитер повикал на утрешниот марш против војната во Украина.