Иако сириската опозиција трвди дека во селото Тремсех е извршен масакр, новите докази покажуваат дека дошло до оружен судир помеѓу сириската војска и бунтовниците пишува „New York Times“.
Снимките и фотографиите покажуваат дека постоела поголема група на бунтовници на тоа подрачје, наведува весникот.
Според весникот на видео снимките повеќе заробени бунтовници признаваат дека биле на тоа подрачје, и по се изгледа дошло до борба помеѓу добро вооружената војска и локалните вооружени групи во Тремсех, село кое има 11.000 жители.
Информациите за масовното убиство во Тремсех беа повод за остра осуда од западот и притисок Русија преку Советот за безбедност конечно да испрати порака до режимот на Башар Ал Асад, што Москва го отфрли.