Нема шега со Морси

Од:

Обвинителството на Египет започна истрага против популарниот телевизиски комичар за навредување на шефот на државата Мохамед Морси.

Ова е еден од серијата случаи за истрага против медиумските лица за критикување на претседателот.

Популарниот водител Басем Јусеф е обвинет дека го навредувал Морси, бидејќи во шоуто, сликата на исламистичкиот лидер ја потпрел на перница, и ги парадирал неговите говори, пренесува АП.

Покренување на истрагата против Јусеф доаѓа во време кога опозициските медиуми во Египет и независните новинари изразуваат зголемена загриженост за слободата на медиумите според новиот Устав, кој беше поддржан од страна на претседателот и неговите сојузници од редовите на исламистите.

Некои слични случаи се завршени со одбивање на обвиненијата, а од канцеларијата на Морси порачуваат дека претседателот не стои зад постапките преземени против медиумиските лица.

Јусеф, кој е лекар по професија, стана познат по неговите видеа во кои ги исмева политичарите, кои ги гледале стотици илјади луѓе, по немирите во 2011. во кои беше соборен дотогашниот лидер Хосни Мубарак.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет