Нема промени во ситуацијата со заложниците на ИД

Од:

Јапонија ги вложува сите напори за да обезбеди ослободување на јапонскиот новинар Кенџи Гото, кого како заложник го држат борци на групата Исламска држава, изјавија јапонскиот премиер Шинѕо Абе и министерот за надворешни работи Фумио Кишида.

Абе истакна дека неговата земја заедно со јорданската Влада работи на собирање и анализирање на информациите, поврзани со заложничката драма

Шефот на јапонската дипломатија призна дека и покрај напорите нема никаква суштинска промена во ситуацијата.

Кишида нагласи дека Јапонија ќе побара од Јордан да ја зајакне заштитата на дипломатите во таа земја.

Јордан вчера соопшти дека се уште ја држи џихадистиката за чие ослободување борците од ИД определија краен рок, кој веќе истече. Тие се заканија дека доколку таа не биде ослободена ќе го убијат јорданскиот пилот, кој е заробен од нив.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови