Нема преживеани во лизгање на земјиштето во Тибет

Од:

Во големата спасувачка операција се уште не е пронајдено ниту едно преживеано лице, иако изминаа повеќе од 24 часа откако во големо лизгање на земјиштето во Тибет беа затрупани 83 рудари, врз кои паднаа речиси два милиони кубни метри земја.

Спасувачките екипи, со помош на кучиња и радари, ја пребаруваа планината цела ноќ откако три километри долг дел од земјата затрупа камп на рудари кои работеле во рудник за бакар во округот Мајзокунгар, источно од тибетската престолнина Ласа.

– Спасувачите се уште не пронајдоа ниту еден преживеан и ниту едно тело, соопштија кинески претставници.

Планинските области на Тибет се наклонети кон свлечишта, а состојбата може дополнително да ја влошат активностите во рудниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски

Екипите трагаат по преживеани под урнатините по последниот силен земјотрес во Тибет

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Тибет: Под урнатините се бараат преживеани, над 53 мртви

Горан Наумовски

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе