Нема преговори за нуклеарното оружје, Ормутскиот теснец останува наш – порака од Иран

Од:

Мохсен Резаи, поранешен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и сега член на Советот за разумност на Иран, изјави дека Иран „нема да преговара со никого за нуклеарното прашање“ и дека контролата врз Ормускиот теснец мора да остане во ирански раце. Неговите изјави ги пренесе иранската новинска агенција ИСНА, објави Ал Џезира.

„Доколку контролата и управувањето со Ормускиот теснец не е во рацете на Иран, непријателот повторно ќе го искористи како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи.

Тој нагласи дека пристапот на Иран кон безбедноста се базира на регионална самодоволност. „Нашиот модел е јасен: регионот мора да ја обезбеди својата безбедност. Странските сили – без разлика дали се американски или европски – мора да си заминат“, заклучи Резаи.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дополнително ја заостри својата реторика кон Вашингтон во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, обвинувајќи ги САД дека „ја заменуваат дипломатијата со закани, притисок и санкции“. Според Ал Џезира, Пезешкијан рекол дека Техеран повеќе не може да им верува на САД поради таквото однесување.

„Во двата наврати кога влеговме во дијалог со САД, паралелно се одвиваше воена агресија против Иран. Таквото однесување е како забодување нож во грб“, рече иранскиот претседател.

Пежешкијан нагласи дека сериозни преговори се можни само со крај на војната и цврсти гаранции дека непријателските потези против Иран нема да се повторат. Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата дека Иран презел воени дејствија против Обединетите Арапски Емирати.

Зборувајќи за Ормутскиот теснец, тој рече дека Иран со децении бил гарант за безбедноста во овој стратешки воден пат, но дека американските дејствија, вклучително и поморската блокада, го дестабилизирале регионот. „Секое преговарање за целосно отворање на Ормутскиот теснец бара укинување на американската поморска блокада“, рече тој.

Според соопштението од кабинетот на иранскиот претседател, Макрон изразил поддршка за рамковниот договор за прекин на огнот за време на разговорите и признал дека поморската блокада на САД и израелските напади врз Либан претставуваат негово кршење.

Францускиот претседател, исто така, наводно рекол дека Париз е подготвен да помогне во продолжувањето на преговорите и да учествува во процесот на постепено укинување на санкциите врз Иран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мешани сигнали од Иран за предлогот на САД, Трамп вели дека војната „брзо ќе заврши“

Иран: Американските маринци ќе платат со своите животи за коцкањето на Трамп

Еџеи: Иран никогаш не ја напушти преговарачката маса, но ние не прифаќаме наметнувања

Пезешкијан: САД наметнуваат нереални барања

Трамп: Ќе ве бомбардираме повторно – посилно од претходно

Иран: Уништивме 228 објекти или опрема на американската армија, тоа е голема штета