„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фанатичен лидер“ откако го угости во неговата резиденција во Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

Серија видеа од настанот беа објавени на Инстаграм профилот на Орбан, објави Си-Ен-Ен.

Трамп додаде дека премиерот на Унгарија е „неконтроверзна личност“.

– Така ќе биде, и тоа е целата поента, нели? Тој е вистински шеф и одличен лидер, фантастичен. Во Европа, светот го почитуваат. Чест е да му бидеме домаќини, ќе останеме во контакт – рече Трамп.

Орбан малку порано изјави дека Трамп е „претседател на мирот“, бидејќи, како што рече, додека бил на функцијата, мирот владеел и на Блискиот Исток и на Украина.

Унгарскиот премиер во видеото објавено од агенцијата МТИ вели дека во моментов нема да има војна во светот доколку Трамп се уште беше претседател на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди средбата меѓу Трамп и Орбан, наведувајќи дека соговорникот на Трамп, како што наведе, „отворено изјавил дека верува оти демократијата не функционира“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања

А1он

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

А1он