Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедните и најефективните во светот.
На средбата со волонтерите на акцијата „Ние сме заедно“, Путин рече дека граѓаните на Русија со право се гордеат со своите научници кои ги создадоа вакцините. Без тие препарати, „како што велат експертите не само во Русија, туку и во светот, нема да биде можно да се излезе на крај со коронавирусот,“ изјави Путин.
„Навистина имаме со што да се гордееме, со оглед на тоа што нашите вакцини се најбезбедните и најефективните во светот,“ рече рускиот претседател, додавајќи дека руските препарати се подобри од вакцините на западните конкуренти Фајзер и АстраЗенека.
„Но, во ниеден случај нема да се ситиме,“ рече Путин.
Рускиот лидер додаде дека околу два милиони руски граѓани досега примиле две дози од вакцината „Спутник V“, која беше прва регистрирана вакцина против коронавирусот во светот. Русија развива уште две други вакцини, кои се во фаза на тестирање.
Путин нагласи дека вакцинацијата е главниот пат во борбата против пандемијата и најави поинтензивно производство на овие препарати.