Нема назад: Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја разгледа можноста за депортација на Елон Маск, најбогатиот човек во светот и извршен директор на Тесла и Спејс Екс, во услови на сè пожестока расправија меѓу двајцата некогаш најблиски соработници.

Дописничката на Дејли Меил, Емили Гудин, објави на Платформа Икс дека го прашала Трамп дали планира да го депортира Маск, на што претседателот одговорил: „Ќе мора да го разгледаме тоа“.

Подоцна, Трамп додаде: „Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе мора да испратиме DOGE kaj Елон. Знаете ли што е DOGE? DOGE е чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Елон“.

Зад овој необичен коментар се крие сериозна политичка и финансиска тензија. Во последните денови, Трамп жестоко го нападна Маск поради неговата критика за сеопфатното намалување на даноците и законот за трошење, кој моментално го разгледува американскиот Сенат.

„Можеби треба да побараме од DOGE внимателно да ги разгледа субвенциите што ги добиле компаниите на Маск. Елон веројатно добил повеќе субвенции од кој било човек во историјата. Без субвенциите, Елон веројатно би морал да ја затвори компанијата и да се врати во Јужна Африка. Крај на ракетите, сателитите или електричните автомобили. Нашата земја би заштедила богатство!“, рече Трамп преку неговата платформа Truth Social.

DOGE, скратеница од „Оддел за владина ефикасност“ (Department for Government Efficiency), е контроверзна федерална програма претходно водена од Маск, која имаше за цел да ги намали трошоците во државната администрација. Сепак, Трамп сега тврди дека овој оддел треба да испита дали компаниите на Маск, како што се Tesla и SpaceX, добиле прекумерни државни субвенции.

Во саботата, по неколку недели молчење, Маск остро реагираше на законот, нарекувајќи го „целосно луд и деструктивен“ и повика на основање нова политичка партија. „Живееме во земја со една партија – Porky pig party!“, напиша Маск на мрежата X.

Оваа остра размена на мислења меѓу Трамп и Маск доаѓа и покрај фактот дека Маск инвестираше речиси 300 милиони долари во кампањата на Трамп и одигра клучна улога во спроведувањето на иницијативата DOGE. Сега нивниот сојуз се претвора во отворен конфликт.

Трамп дополнително предупреди дека Маск би можел „да изгуби многу повеќе“ ако продолжи со критиките. „Без владина поддршка, немаше да има самоуправувачки такси, немаше да има вселенски лансирања“, рече Трамп.

Акциите на Тесла веќе ги почувствуваа последиците – тие паднаа за повеќе од шест проценти пред отворањето на берзата, а аналитичарите предупредуваат дека заканата на Трамп за откажување на субвенциите може сериозно да ги загрози деловните амбиции на Маск.

Трамп сака законот да биде усвоен пред 4 јули, Денот на независноста, и покрај проценките дека тоа би можело да го зголеми националниот долг на САД за дополнителни 3,3 трилиони долари.

Би можело да ве интересира

Изласан е „големиот прекрасен“ закон на Трамп што го разбесни Маск

Трамп вели ќе размисли дали да го депортира Маск

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дружбата се претвори во војна, Маск му се заканува на Трамп: Ќе загуби, па да ми е и последно

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Ви благодарам уште еднаш, претседателе Трамп

Горан Наумовски

Конгресната борба на републиканците за спроведување на „популарните“ мерки на Трамп

Големиот ајатолах на Иран издаде фатва: Ги повикува муслиманите ширум светот да ги убијат Трамп и Нетанјаху