Нема да се урива автобуската станица во Престон – симбол на брутализмот во архитектурата

Од:

Автобуската станица во англискиот град Престон, едно од најрепрезентативните дела во архитектонскиот правец брутализам, сепак, нема да биде урната, бидејќи и е доделен статусот на заштитен објект.

Градскиот совет на Престон ја поништи претходната одлука за уривање на автобуската станица, што се смета за втора таква најголема градба во Западна Европа и во својот состав има паркинг на неколку ката.

На овој начин ќе се заштедат приближно 17 милиони фунти на модернизацијата на оваа градба, а во иднина сите промени на зградата ќе може да се изведат доколку се почитуваат прописите за заштита на нејзиното архитектонско наследство.

Архитекти и активисти од кампањата за заштита на ова монументално здание, меѓу кои беше и министерот за култура, ја поздравија одлуката, но претставници на градските власти соопштија дека тоа не е исходот што го очекувале.

– Секогаш сметавме дека станицата е преголема и дека на патниците и нејзините корисници им нуди многу лоша услуга, притоа и многу чини, а нејзиното оддржување граѓаните преку данокот го плаќаат над 300.000 фунти годишно. Ќе ни треба одредено време да видиме какви ќе бидат нашите следни чекори, изјави Питер Ранкин, претседател на градскиот совет на Престон.

– Особено ќе биде потребно да се проценат ефектите на оваа нова одлука и како таа во иднина ќе влијае врз даночните обврзници на Престон, а во тоа тесно ќе соработуваме и со окружниот совет на Ланкашир, за да ги преземеме најдобрите можни активности за граѓаните, додаде тој.

Оваа џиновска автобуска станица е изградена во 1969 година, а ја дизајнирале Кит Ингам и Чарлс Вилсон. Таа често пати е опишувана како втората најголема автобуска станица во Запада Европа, а нејзиниот единствен изглед привлекуваше љубопитници и туристи од цел свет во ова градче во Англија. Станицата е заштитен знак на градот, а жителите ја сметаат за своја омилена градба и нешто со што се гордеат.

Во една анкета што ја спроведе весникот „Телеграф“ три четвртини од испитаниците изјавиле дека станува збор за модернистичко ремек дело, додека една четвртина од анкетираните изјавиле дека станува збор за „монструозно дело“.

Во друга одвоена анкета што ја сочинува листата на најгрди нови згради неколку учесници изјавиле дека автобуската станица во Престон сигурно е најгрдата зграда изградена во Англија.

Меѓутоа, факт е дека таа и натаму е архитектонски споменик на една епоха и туристичка атракција што се уште привлекува голем број луѓе во Престон, па градските власти внимателно ќе мораат да проучат дали парите што туристите ги оставаат во градот ги надминуваат трошоците за оддржување на зградата и какви ефекти може да имаат активностите што би се обиделе да ги намалат значењето на оваа градба.

Брутализмот е архитектонски стил во модерната архитектура што свој процут го имаше од 1954 до 1970 година, а називот го доби од фрацускиот збор „бетон брут“ што значи „груб бетон“, што е терминот кој фрацускиот архитект Ле Корбизје го употребувал за да опише лиен бетон со видливи траги од оплата што е користен на повеќето негови згради изградени по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство