Нема да се гради џамија во Лондон

Од:

Џамијата „Абеј Милс“, која требаше да биде изградена во источен Лондон, не доби дозвола за градба од советот на општината Њухам.

Еден од најголемите исламистички центри во Западна Европа требаше да биде изграден во близина на локацијата на која се одржаа Олимписките игри во 2012 година и беше предвидено да може да прими најмалку 9.500 верници, а целиот комплекс до 40.000 лица.

Футуристичкиот проект „Исламски кварт“, кој уште пред 10 години го предложи исламската група Таблигхи Јамаат, предвидуваше мултифункционална џамија на 7,3 хектари, без минаре, со стаклен покрив, а во рамките на комплексот требаше да бидат изградени и канцеларии, училишта, спортски центар, ресторани и станови. Првично беше предвидено да биде изграден на простор, порано користен за индустриски цели.

Советниците на општина Њухам доцна синоќа донесоа одлука дека комплексот е премногу голем и дека ќе влијае на изгледот на овој дел од градот каде се наоѓаат голем број историски градби, односно дека не одговара со потребите на заедницата. Меѓу другото, биле превидени само 300 паркинг места, што е недоволно и не предвидува доволно места за сместување и вработување на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство