Неколку луѓе загинаа, а голем број се повредени во денешниот самоубиствен напад врз француско училиште во главниот град на Авганистан, Кабул, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус.
Тој го осуди нападот и додаде дека во инцидентот нема загинато Французи.
– Се претпоставува дека бомбашот-самоубиец бил на возраст од 17 години, изјави авганистанскиот заменик-министер за внатрешни работи Ајуб Саланги.
Тој наведе дека меѓу загинатите еден е германски државјанин,
Нападот бил извршен за врема на театарска претстава во Францускиот културен институт во Кабул, каде има и училиште.