Неколку жртви во племенски судир во источен Авганистан

Од:

Неколку лица загинаа во племенски судир околу спорно земјиште во авганистанската источна провинција Нангархар што се случил вчера, соопштија локалните власти.

Борбите избувнале меѓу две племиња кои живеат во округот Дур Баба и областа Назјан за земја за која се спорат жителите на двете племиња – Шикхан и Хусеин Каил.

Најмалку шест мажи од племињата загинале, а околу 20 други биле повредени, соопштија властите.

За бројот на загинатите има различни податоци, па така според друг извор починале 12 лица.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно