Неколку лица од „старата гарда“ отстранети од ЦК на Комунистичката партија на Куба

Од:

Поранешниот претседател на кубанскиот Парламент Рикардо Аларкон и уште неколку претставници на т.н. „старата гарда“ не се повеќе членови на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија на Куба (ПЦЦ).

Кубанскиот претедател и прв секретар на ЦК на ПЦЦ, Раул Кастро изјави дека овие луѓе не направиле никакви грешки, ниту извршиле криминал.

– Промените се направени како резултат на нормалниот развој на настаните во земјата, нагласи Кастро.

Седумдесет и шестгодишниот Аларкон се повлече од функцијата претседател на Парламентот во февруари. Тој беше еден од владините функционери, одговорен за односите со САД.

Меѓу останатите, кои беа отстранети од 118-члениот ЦК на ПЦЦ, се и 81-годишниот Хосе Мигел Барвекос, кој 30 години беше секретар на Државниот совет и 60-годишниот Мисаел Енаморадо, претседател на партиската организација во Сантјаго де Куба.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ