Неколку десетици антиромски радикали уапсени во Чешка

Од:

Чешката полиција, синоќа уапсила околу 60 учесници во антиромските протести во чешкиот град Ческе Будејовице, во северозападниот дел на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според полицијата, околу 300 демонстранти биле спречени да влезат во ромската населба „Мај“, каде и претходните два викенда имаше судир меѓу антиромски радикали и полицијата, при што беа приведени повеќе од сто лица, а десетина беа повредени.

Меѓуетничките тензии и протести траат од 21 јуни, по масовна тепачка на детско игралиште во која учествувале повеќе од сто возрасни луѓе и кога десетина лица беа сериозни повредени.

И во околните места, локалното население неколкупати организираше демонстрации откако кон крајот на мај, неколку Роми без причина нападнале и брутално претепале брачен пар на улица.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица