Неформална средба пред Самитот на ЕУ во Париз

Од:

На иницијатива на францускиот претседател Франсоа Оланд во моментов во Париз се одржува неформална средба на шефовите на европските влади, јавува дописникот на МИА од Париз.

На оваа средба, според соопштението за печатот на Елисејската палата покрај Франсоа Оланд присуствуваат австрискиот канцелар Вернер Фајман, белгискиот премиер Елио Ди Рупо, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, премиерката на Данска Хеле Тхоринг-Шмид, премиерот на Малта Жозеф Муска, премиерот на Италија Матео Рензи, премиерот на Романија Виктор Понта и премиерот на Словачка Роберто Фичо.

Целта на овај неформален состанок на лидерите на левичарските партии на власт во земјите членки на ЕУ е подготвувањето на Европскиот совет (ЕУ) на кој ќе се одлучува за идниот претседател на Советот и новото лице на европската надворешна и безбедносна политика.

Покрај шефовите на владите, на состанокот во Елисејската палата се наоѓаат уште претседателот на Европскиот парламент артин Шулц, вице-канцеларот на германската влада Сигмар Габриел кој е и министер за Економија и Енергија, Томас Пруња државниотсекретар за европски прашања на Република Чешка, Жан Аселборн пефот на уксембуршката дипломатија и Дидерик Самсом шеф на ПвдА една од коалиционите партии во Холандија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен