Недоволна контрола на џихадистите

Од:

Ослобоѓење – Сараево

Во Центарот за трансатлански односи (SAIS) при Универзитетот „Johns Hopkins” во Вашингтон е одржан панел за екстремизмот на кој учествуваа експерти за Балканот.

Од 2015 година бројот на странските борци од Балканот е намален поради законот кој е донесен во земјите кои се борат против ИСИС и поради разбирање на природата на самиот ИСИС. Голем број од тие луѓе се враќаат дома, а до сега се вратиле 40 отсто борци, што е причина за национална и безбедносна закана за Балканот.

Ова е еден од заклучоците од панелот за екстремизмот кој е одржан во Центарот за трансатланск односи SAIS во Универзитетот „Johns Hopkins” во Вашингтон, а на кој учествуваа експерти од областа на националната безбедност и експерти за Балканот Спенсер Бојер, Адриан Штуни, Драган Стављанин и Даниел Сервер.

Војер кој е директор на Националниот совет за безбедност, оддел за Европа, истакна дека додека Балканот порано бил одредиште, денес е извозник на странски борци во Сирија, апострофирајќи на Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија. Тој смета дека БиХ дава повеќе борци по глава на жител од која било друга земја во регионот, со тоа дека поединците се радикализирани да се борат во Сирија поради лошиот економски развој.

Радикализираните борци можат да создадат институционални проблеми и да ги зголемат етничките тензии. Притоа, слабењето на државните институции, корупцијата, екстремната идеологија и недоволната контрола на верската проблематика на Балканот се проблематични факти, при што зголемувањето на бројот на исламските џихадисти се заканува и на националните интереси на САД.

Бојер заклучи дека американските економски интереси би биле загрозени во случај на насилство во регионот. Адриан Штуни од Штуни Консалтинг LLC потсети дека во 2014 година македонските припадници на крајната десничарска група користеле нацистички поздрав, со транспаренти „Смрт на Албанците”. Интернетот го промени животното секојдневие, вклучувајќи ги и терористичките пропаганди кои всушност за прв пат се користеле во сириската војна, а што е многу тешко да се следат.

Онлајн регрутацијата, покрај контактите во живо, станува главен метод на радикализација, при што во јули 2016 година, 14.000 луѓе од Балканот ја лајкале веб страната на ИСИС. По Балканските војни немавме луѓе кои се разнесуваа со експлозив, освен еден случај во Риека во 1995 година. Драган Штављанин, репортер на Балкански сервис и Радио Слободна Европа рече дека постојат 10 вахабиски енклави во Босна кои не плаќаат данок на државата.

Саудиска Арабија прати 800 милиони долари во БиХ, од кои 100 милиони на кои не може да им се влезе во трага. На Косово постојат месечни стипендии за млади да присуствуваат на молитвите во џамиите, со цел да се радикализираат.

БиХ и Косово за ваквата состојба го обвинуваат Западот, на кого му се забележува дека не прави доволно на обезбедување на независноста на Косово и дека не е во состојба да создаде единствена и функционална Босна и Херцеговина.

Според извештајот на Хелсиншкиот комитет од Србија, 20 отсто млади муслимани од Санџак ја оправдуваат употребата на насилство во одбрана на верата, 35 отсто се тие на кои не им пречи лице кое го познаваат да се приклучи на ИСИС, 28 отсто ќе одбијат да кажат што е ИСИС. Додека 3 отсто од нив ги оправдуваат акциите на ИСИС, 30,5 отсто се против и 65,5 отсто се неодлучни, а што се вкупно е многу загрижувачки.

Би можело да ве интересира

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Француска армија соопшти дека во Мали се убиени околу 30 џихадисти

А1он

Џихадисти во Нигерија киднапираа 20 деца

А1он

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Ана Ололовска