Не знам што сум згрешил, се брани Саркози на судењето за финансиски малверзации

Од:

Саркози на судењето негираше дека сторил нешто незаконско во претседателската кампања во 2012 година
Париз, 15 јуни 2021 (МИА) – Поранешниот француски претседател Никола Саркози, за време на судењето за незаконско финансирање на неговата претседателска изборна кампања во 2012 година, изјави дека не сторил ништо нелегално.

Пркосниот Саркози вчера пред судот кажа дека не бил вклучен во логистиката на неговата кампања за вториот претседателски мандат, ниту во начинот на трошење на парите во изборната трка.

-Дали имав намера да направам измама, да направам нешто лошо? Дали бев негрижлив? Невнимателен? Мојот одговор на сето ова е наједноставен – „не “, изјави Саркози пред судот. „Од моментот кога ми кажаа дека работите се во ред, повеќе немав причина да размислувам за тоа“, додаде тој.

Саркози (66) на судиите им кажа дека е одговорен за политичката насока на неговата кампања, но не и за организирањето митинзи, подготовка на материјали за кампања и плаќањето сметки.

Обвинителите тврдат дека Конзервативната партија на Саркози на екстравагантни предизборни митинзи потрошила речиси двојно повеќе од 22,5 милиони евра, колку што е дозволено во изборниот законик и потоа ангажирале пријателска агенција за односи со јавноста за да ги сокријат трошоците.

Обвинителите во обвинението признаа дека нивната истрага не успеала да докаже дека Саркози бил организиран или дека учествувал во шемата, но тврдат дека имал корист и дека сигурно бил свесен за тоа.

Би можело да ве интересира

Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

А1он

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски