Не сум „фан“ на Јоханис

Од:

Гиндул – Букурешт

Оваа интензивна фаза на борбата против корпуцијата е грoзна, многу грозна, затоа што на виделина вади се што е лошо и грoзно во романската политика. Но, без неа не си правиме добро на себе, не премолча претседателот Клаус Јоханис.

И добро направи што не премолча, туку ја реши лажната дилема која ја подигнаа разни политичари и новинари на чело со поранешниот претседател Трајан Басеску, за „обвинителска република“, „терор на лисиците“ и „Националната дирекција за борба со корупцијата да тера полека со апсењата“.

– Многу и многу јасни дејствија на обвинителите се нешто добро, го објасни претседателот тоа за кое се убедеби и мнозинството од граѓаните.

Граѓани кои Парламентот ги исмеја попречувајќи ја работата на правосудството во процеси против криминалците (поранешниот министер за економија Варужан) Босгањан, (поранешниот министер за животна средина Ласло) Борбеј, (поранешниот министер за транспорт Дан) Шова – мислам дека не можат да бидат наречени поинаку овие господа, откако се скрија зад здолништата на своите колеги.

Продолжувам да сфаќам дека г-дин Јоханис се задоволува да напаѓа во Уставниот суд со детали и симптоми, а не со причината за овој национален срам кој се крие во уставот. Претседателот може да побара од Парламентот и од политичките партии да дејствуваат во најкраток рок за промена на Уставот, за параграфот од кој парламентарците бесрамно го користат секој пат кога сакаат да ги отгрнат соучеснсците од рацете на правосудството. А ако има пратеници и партии кои се спротивставуваат на тоа, електоратот ќе знае како да гласа на изборите догодина.

„Да“, „Не“, „Не постои“, „Никогаш“, „Не станува збор“. Првпат слушам еден пртседател да дава кратки одговори на постојаните прашања од новинарите. Со малку зборови, Јоханис кажа јасни нешта: „Не сакам да ја земам ролјата на опозицијата. Тоа не е работа на претседателот, туку на Национално-либералната партија“. Правилно, но и смело, затоа што може да загуби гласови меѓу своите фанови.

Го отфрли „неморалното решение“ на интервенција на претседателот во договорот за смена на владата. „Ако сегашната опозиција не успее да направи ново парламентарно мнозинство, тогаш ситуацијата ќе се реши на изборите во 2016 година“. Запрашан во врска со „советот“ кој му го даде Басеску на Фејсбук да не го одобри назначувањето на Еужен Теодорович за министер за финасии, Јоханис исто одговори правилно.

Фактот дека дотичниот сенатор Тодорович гласал против правосудството во случајот Шова, е политичко-морален проблем, одговорност која треба да ја преземе премиерот Виктор Понта. Претседателот се раководи од критериуми за законитост, а не од политички при назначувањето на министри.

Замолен да објасни зошто јавно не се изјасни по размената на реплики во таблоиден стил: „Путин е фашист“ – „новинарите се грубијани“ меѓу публицистот Владимир Тисманјану и руски дипломат, оговорот пак беше „по учебник“: претседателот јавно не одговара на изјавите на еден дипломат. Тој може да биде повикан за објаснување во министерството за надворешни работи.

Фактите што кажа малку зборви всушност не значи и дека сите зборови на г-дин Јоханис беа добри. На приемр, не ми се допаѓа зборот „фанови“. „Ако моите фанови ме критикуваат, тогаш ќе се обидам да се поправам“. Се колебам дали г-дин Јоханис би сакал да има фанови. Коренот на тој збор е истиот како и на „фанатик“. Фан е оној кој треба да фали и воздигнува, те прави заробеник на неговите безусловни ласкања. Но кога ќе се случи да не му угодиш, тој молскавично преминува кон врисоци на гнев и омраза.

За г-дин Јоханис го предлагам зборот „поддржувач“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски