Не пукајте по Јоханис: Тој се уште може да се поправи, ако сака

Од:

Романија либера – Букурешт

На претседателот не му беа дадени 100 дена во кој ќе биде оставен да се навикне во Котрочени (претседателската палата), но и тој како да избрза кога излезе во јавноста со теми и изјави за кои немал време да ги обмисли, откако во првиот ден од својот мандат награди поранешен поранешен политички затвореник кој им се восхитува на неолегионерите.

Претседателствувањето на Јоханис не ја крена земјата во воздух како што ќе се случење ако на неговото место дојдеше Виктор Понта: не сака да го смени раководството на Националната дирекција за борба со корупцијата, не предлага дискусија за неопходноста од стратешко партнерство со Кина, не склучува договори со босови под маса, не сака да го „исчисти општеството и институциите од Басеску“, не сака да ја затвори муцката на печатот и веројатно не сака да биде различен од тоа што е. Во предизборната кампања тој не даде преувеличени ветувања, и ни рече дека ќе работи „институционално“ со Виктор Понта и ќе направи „друг вид“ политика, тоест нема да создава непријателство кое нема за што да му послужи, и дека нема да прави сцени.

Клаус Јоханис ја доби претседателската позиција случајно, без да покаже дека е подготвен за неа, и без да биде убедлив и да предизвика било каков ентузијазам во сопствената харизма. Всушност, тој е политичар со потенцијал кој може да порасне ако ја има силата да учи и од сопствените грешки, а не само од оние на своите предизвикувачи, а уште повеќе ако може да собере околу себе интелигентни луѓе кои добро владеат во своите сфери на интерес, и кои можат да му помогнат навистина да ги донесе најдобрите одлуки.

Повлекувањето на Механизмот за соработка и проверки, со кој Европската комисија го следи правилниот пат на правосудството во Романија и Бугарија, не се цел сама по себе, затоа што Романија нема причини да се чувствува загрозена од таа која Брисел бесплатно и ја нуди во корист на прочуствување на локалната политика од корумпирани. Клаус Јоханис наместо тоа би можел да ги започне од нови позиции преговорите со земјите кои нерамномерно го обврзуваат приемот на Романија во Шегнен зоната, со повлекување на Механизмот за соработка и проверка, меѓу кои се Германија, Австрија и Франција. Букурешт ги исполни сите технички услови кои произлегоа до договорот за приклучување кон Шенген, а новиот претседател треба да ја започне „добро завршената работа“ (тоа беше неговото мото во предизборната кампања) во разговорите со своите колеги, кои поставуваат пречки за земјата. Клаус Јоханис веројатно се сеќава како изгледаше извештајот за Механизмот во 2012 година, кога луѓето на Виктор Понта сакаа да го истераат Трајан Басеску, принудувајќи закони и институции да му се потчинат на едно деструктивно мнозинство. Механизмот за соработка и проверка би можело да биде полезен механизам за сите држави од ЕУ, а успехот кој го направи Романија е само еден од аргументите за тоа.

Вистина е дека „правдата треба да се раздава со умереност“, без „медиумска егзотика“, но во Романија медиумската присутност на корумпираните политичари ги натера луѓето да сфатат колку е полезно независното судство, и зошто треба да биде подржано. Оние кои го разбраа тоа се и оние кои гласа за Клаус Јоханис. Инаку во земја во која малкумина се оние кои се занимаваат вистински со реални новинарски истражувања, новинарите треба да бидат оставени да си ја вршат работата без политички нарачки. Темата за „правосудстото како супервласт“ за која зборува претседателот, е погрешна во Романија, каде политичарите силно се обидуваат да си ги зголемат привилегиите и да го попречат правосудството.

Клаус Јоханис би требало да им се врати на големите теми и да не се губи во бесмислените предлози, како што е внесувањето на јавниот обвинител во Врховниот совет за национална одбрана. Да излегува со јавни изјави само тогаш кога навистина има нешто да каже, да укажува на застранувањата – на пример  со итната уредба со која Виктор Понта сака да го амнестира плагијатството, и да им покаже на своите избирачи каков вид на надворешна политика сака ва води, на кој начин ќе може да преговара со спротивставување на мнозинството во однос на реформите за образованието и за здраствената грижа, И евентуално, да води сметка за сознанијата до кои стигнал Макијавели во својој обид како советник: „За да се ослободат од сегашните опасности, нерешителните владетели најчесто го следат патот на неутралноста и, се разбира, во најчест случај пропаѓаат“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски