Не мина предлогот на Еврокомисијата за продолжување на употребата на глифосат

Од:

Претставниците на земјите-членки на Европската унија денеска ја одложија одлуката за продолжување на дозволата за употреба на глифосат, хербицид кој се смета за канцероген, откако не го добија неопходното квалификувано мнозинство.

Постојаниот одбор за растенија, животни, храна и животинска храна (Пафф), составен од експерти од земјите-членки, не ја даде поддршката за предлогот на Европската комисија за продолжување на дозволата за употреба на глифосат за уште 10 години. Актуелната дозвола истекува во декември.

Комисијата ги слушна различните ставови на земјите-членки и најави дека повторно ќе го разгледа својот предлог и набрзо ќе предложи нов состанок на Пафф.

Хрватска, Белгија, Грција, Франција, Италија, Луксембург, Малта, Австрија, Словенија и Шведска се против тоа да се обнови дозволата за глифосат, Германија и Португалија се воздржани, а преостанатите 16 држави го поддржуваат предлогот на Еврокомисијата, што е недоволно за квалификувано мнозинство.

Во понеделникот на Еврокомисијата и беа предадени повеќе од 1,3 милиони потписи собрани во сите држави-членки на ЕУ против употребата на глифосат, а Европарламентот вчера изгласа необврзна Резолуција, во која ја повика Комисијата да го преиспита својот предлог. Во вчерашната Резолуција се промовира ставот за постапно престанување со употребата на овој хербацид до крајот на 2022 година.

Глифосат е хемиско соединение, чии главни компоненти се неколку хербициди од широк спектар, а во употреба е повеќе од 40 години. Претставниците на организациите кои ги штитат интересите на европските земјоделци истакнуваат дека глифосатот е безбеден и оти по неговата забрана, тие ќе изгубат на конкурентност.

Светската здравствена организација, односно нејзината Меѓународна агенција за истражувања за карцином, во март 2016 година објави дека хербицидот глифосат е „веројатно канцероген“.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска