Руското министерство за одбрана го демантира пишувањето на западните медиуми дека Москва испратила својот командоси во Сирија, експерти за противвоздушна одбрана и воена опрема.
“Не е донесена никаква одлука за испраќање командоси со руски воени бродови”, им изјави заменик министеротот за одбрана Анатолиј Антонов на новинарите во Москва.
Тој додаде и дека Русија не испратила оператори на против воздушни системи во Сирија , оценувајќи дека тоа се “глупости”.
Лондонски “Гардијан” денеска објави дека руски воени советници се распоредени како персонал на некои од најмодерните сириски системи за воздушна одбрана,што, според мислењето на весникот, може да ја комплицира секоја идна интервенција која би ја воделе САД во Сирија.
Големите носачи на руската Црноморска флота “Азов” и “Николај Филченков” тргнаа денеска од Новоросијск кон сириското пристаниште Тартус во Сирија, каде што руската морнарица има помала база за одржување.
На бродовите се наоѓаат пешадиски единици задолжени за заштита при патувањето. Бродовите, како што е планирано, ќе поминат низ Босфорскиот мореуз и Дарданелите на 26 и 27 декември и ќе се приклучат на специјалните сили на Црноморската флота составени од ракетниот крстосувач “Москва” и фрегатата “Сметљиви” во Егејското Море, пред да заминат за Тартус.
Претставник на руското Министерство за надворешни работи потврди дека Русија има план за евакуација на руските граѓани од Сирија, доколку е тоа потребно.
Рускиот министер за одбрана Анатолиј Антонов претходно изјави дека Русија ќе продолжи да и испорачува дефанзивно оружје на Сирија, бидејќи не постои никаква одлука која би ја ограничила продажбата на оружје на оваа земја.
“Русија отсекогаш била сигурен партнер во исполнувањето на обврските според договорот. Исполнуваме и ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски во оваа област”, рече Антонов, пренесе Итар-Тас.
“Кога станува збор за Сирија, не е усвоена никаква одлука која би ги ограничила нашите испораки на таа земја”, рече тој, додавајќи дека Русија не му продава на Дамаск офанзивно оружје.
Русија тврди дека, во согласност со договорите што ги има со Сирија, ја снабдува само со оружје за противвоздушна одбрана, чија намена е одбрана од надворешни напади.
Москва, сепак, предупредува дека опозицијата на Сирија набавува и оружје чија намена не е исклучиво дефанзивна. Тоа оружје, според информациите со кои располага Русија, се криумчари во Сирија преку трети земји.
Руските и западните медиуми неодамна објавија за шверц на оружје за сириските бунтовници, кое, наводно, е финансирано од страна на неколку држави од Персискиот залив преку Либија, Турција и Либан.
Према податоците на обединетите нации, во судирите на режимот на Башар ал-Асад и опозициските сили од март 2011 година. загинаа повеќе од 30.000 луѓе.