Не исклучуваме напади врз воени цели во Европа, порача ирански амбасадор

Од:

Амбасадорот на Иран во ОН во Женева, Али Бахреини, во ексклузивно интервју изјави дека секоја воена база „која се користи за напад врз Иран“, вклучително и оние на европска територија, може да стане легитимна цел во екот на војна на Блискиот Исток, пишува Euronews.

„Да бидеме јасни, нашите воени сили објавија политика дека секој објект, секоја база што се користи за напад врз Иран би била легитимна цел за нашите воени сили“, рече амбасадорот Бахреини во четврток. На прашањето дали ова може да вклучува локации во Европа, тој одговори: „Ние ќе ја браниме нашата земја во согласност со она што е потребно за да ја обезбедиме и да гарантираме дека нема агресија врз нашата земја“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Не сакам да убивам луѓе, влегуваме во нови преговори со Иран

Американски генерал го предупредил Пентагон дека САД немаат доволно сили да го бранат Израел

Танкер погоден во Ормутскиот теснец

„Америка веќе подготвува нови воени напади врз Иран овој викенд, а целта е иранскиот подземен комплекс“

Катерина Ѓуровски

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски