Навроцки: Полска е подготвена да прими американски војници од Германија, ќе лобирам за тоа кај Трамп

Од:

Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека неговата земја е подготвена да прими американски војници кои може да бидат повлечени од Германија и најави дека лично ќе лобира кај американскиот претседател Доналд Трамп да ги распореди во Полска.

Навроцки, како што објави бриселскиот „Политико“, исто така изјави дека Полска веќе има подготвена инфраструктура за да прими дополнителни американски сили.

„Доколку претседателот Трамп одлучи да го намали американското воено присуство во Германија, ние сме подготвени да примиме американски војници“, рече Навроцки.

Пентагон наводно планира да повлече околу 5.000 војници од Германија во текот на следната година, додека Трамп навести дека намалувањето може да биде уште поголемо. Изјавата на полскиот претседател дојде неколку дена откако полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска не треба да „презема“ војници од сојузниците, иако нагласи дека земјата ќе ја искористи секоја можност за зајакнување на американското присуство, но без да го поткопа европското единство.

Изјавата на Туск предизвика критики од опозициската партија „Право и правда“, на која ѝ припаѓа Навроцки, со обвинувања дека премиерот го дава Берлин како приоритет пред безбедноста на Полска.

Во исто време, заменик-министерот за надворешни работи Марчин Босацки изјави дека разговорите меѓу Варшава и Вашингтон за проширување на американското воено присуство веќе се во тек, на воено и дипломатско ниво.

Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека дополнителни американски сили би биле добредојдени во Полска, без оглед на тоа од каде се преместени. Полска моментално има околу 10.000 американски војници, додека околу 36.000 се распоредени во Германија.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска сака максимално добри односи со Велика Британија за евентуална одбрана од Русија

„Политико“: Хегсет го изненади Пентагон со повлекувањето на американските трупи од Полска

Полска подготвува армија од 500.000 луѓе

Поранешниот полски министер за правда избегал и од Унгарија, сликан на аеродром во САД

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

Сикорски: Американските гаранции за сојузниците сè во помало пакување, но цената останува иста