Наваз Шариф по трет пат избран за премиер на Пакистан

Од:

Пакистанскиот парламент го избра Наваз Шариф за премиер на земјата, пренесоа американските медиуми. Ова е историско предавање на власта во една земја што има преживеано три воени преврати.

Шариф доби 244 гласа во 342-члениот парламент, со што по трет пат се врати на премиерската функција.

Резултатите од гласањето беа горе-долу очекувани откако неговата партијат Пакистанска муслиманска лига (Наваз) победи на изборите на 11 мај.

Шариф, кој беше соборен од власта со воен преврат во 1999 година, денеска ќе положи заклетва пред претседателот на државата.

Новиот премиер ќе се исправи пред огромни предизвици за време на својот петгодишен мандат, вклучувајќи ги и честите запирања на електричната енергија и напади на екстремистите, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица