Навални: Затворен сум во концентрационен логор

Од:

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој беше осуден на две и пол години во затвор, денеска изјави дека е затворен во „вистински концентрационен логор“.

– Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Немав идеја дека е можно да се создаде вистински концентрационен логор на 100 километри од Москва, напиша Навални на Инстаграм со неговата фотографија.

Тој додаде дека се наоѓа во казнената колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.

Не се знае точно каде се наоѓа Навални, откако неговиот правен тим минатата недела соопшти дека тој бил пренесен од затворот Колчугино и не им било кажано каде е однесен.

Навални (44), еден од најпознатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен на почетокот на оваа година со пресуда за која западните земји ја осудија како политички мотивирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски