Навални префрлен на непозната локација, тврди негов сојузник

Од:

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен од неговата затворска единица на непозната локација, соопшти денеска неговиот сојузник Леонид Волков.

– Не знаеме каде е сега Алексеј и во кое затворско одделение е одведен, објави Волков на Телеграм.

Алексеј Навални беше уапсен во јануари 2021 година, кога се врати од лекување во Германија, откако претходно беше отруен со нервен агенс, за што ја обвини Москва.

Руските власти соопштија дека тој ја прекршил тригодишната условна казна затоа што поминал шест месеци во странство.

Во март годинава, тој беше осуден на девет години з атвор во посебен случај, во кој се наведува дека ги измамил своите приврзаници барајќи донации од нив за да се кандидира за претседател, иако знаел дека претходната пресуда го дисквалификувала да биде претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати