Навални планира денеска да се врати во Москва

Од:

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални планира денеска да се врати во Русија од Германија, каде што му беше укажана лекарска помош откако беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Наскоро се очекува тој да полета од Берлин за Москва.

Навални во средата соопшти дека планира да се врати во Русија, за првпат откако беше затруен со нервниот агенс, во август 2020 година и покрај сериозниот ризик да биде затворен веднаш по враќањето од Германија.

Руската затворска служба соопшти дека има намера да го уапси Навални доколку се врати во Русија затоа што не ги испочитувал обврските за условната затворска казна што му беше изречена во 2015 година.

Тој веќе се изјасни дека случајот против него е измислен, бидејќи во тоа време бил во Германија, каде амбулантски се лекувал заради труењето, па затоа и не можел да се пријави.

Затворската служба, меѓутоа, наведува дека тој бил ослободен од берлинската болница во септември и дека досега требало да се врати во Москва и да се пријави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски