Кинеските научници за прв пат пронајдоа цврсти докази дека луѓето може да се заразат од новиот птичиј вирус, кога се во контакт со кокошки.
Тие споредија брис од птици на пазар во источниот дел на Кина, со примероци на вирус Х7Н9 со кој биле заразени четири пациенти. Вирусот од еден пациент речиси бил идентичен со вирусот кој што е пронајден во кокошките.
Наоѓањето на конечниот доказ за начинот на зараза на луѓе е многу тешко и покрај тоа што од земаните 48.000 примероци од животни на пазар, само 39 биле позитивни на вирусот.
Експертите се сомневаат дека птиците од пазар се извор на зараза, но не се сигурни дали и другите животни може да го шират вирусот.
За разлика од претходниот вид на птичиј вирус Х5Н1, новиот вид се претпоставува дека нема последици по здравјето на кокошките, поради што на експертите им беше потешко да утврдат истиот се шири.
Кинеските власти ги затворија пазарите на кои што се продаваат животни, со што според нив се намали ширењето на вирусот.
Од вирусот Х7Н9 до сега се заразени повеќе од 100 лица во Кина, а од последиците на заразата починаа 20 лица.
Елена Георгиевска