Научниците тврдат: Доколку дојде до нуклеарна војна, Австралија и Аргентина ќе имаат најмногу храна

Од:

Никој не знае како и кога ќе заврши војната во Украина, но јасно е дека Русија во моментов не победува, односно не успеа да ја постигне првичната цел – удар на гром врз Киев за рушење на владата.

Во меѓувреме, тензиите меѓу Русија и САД растат, а некои аналитичари предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин, доколку сфати дека сигурно ја губи војната, би можел да прибегне кон користење на својот моќен нуклеарен арсенал. Дури и самиот руски министер за надворешни работи Сергеј Лавров во април предупреди дека постои сериозен ризик од нуклеарна војна.

Ако дојде до тоа, Западот би можел да одговори со иста мерка и со тоа да започне нуклеарен конфликт на глобално ниво.

Нуклеарна зима

Со оглед на тоа дека стравот од нуклеарна војна расте, експертите ги анализирале нејзините можни последици и откриле дека во тој случај би загинале пет милијарди луѓе. Не само поради експлозијата и радијацијата, туку и поради гладувањето предизвикано од чадот во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина и би довело до нуклеарна зима.

Според студија од 2017 година која ги испитувала последиците од умерена до голема глобална нуклеарна војна, експертите откриле дека нуклеарната зима би предизвикала заладување од околу 12-20°C во голем дел од главните земјоделски региони на САД, Европа, Русија и Кина.

Во новото истражување, научниците од Универзитетот Рутгерс ги анализирале последиците од шест можни сценарија за нуклеарен конфликт. Во најлош случај, ако избие војна меѓу САД и Русија, повеќе од половина од човештвото би исчезнало од Земјата, пишува Блумберг.

Имено, војната меѓу САД, нивните сојузници и Русија – која поседува повеќе од 90% од глобалниот нуклеарен арсенал може да предизвика нуклеарна зима.

„Овие податоци јасно кажуваат – не смееме да дозволиме да дојде до нуклеарна војна“.

Тие користеа алатка за прогнозирање на климата поддржана од Националниот центар за атмосферски истражувања на САД (NCAR), што им овозможи да ја проценат продуктивноста на земјоделските култури за секоја поединечна држава.

Дури и релативно мал конфликт би имал катастрофални последици за глобалното производство на храна. Локален конфликт меѓу Индија и Пакистан би довел до проценет пад на приносот од 7% во рок од пет години, додека американско-руската нуклеарна војна би довело до пад на производството за 90% во рок од три до четири години.

Експертите, исто така, размислуваа дали користењето на култури кои моментално се користат како добиточна храна или намалувањето на отпадот од храна може да ги надомести загубите веднаш по конфликтот, но заклучија дека заштедите ќе бидат минимални во случај на конфликт од поголеми размери.

„Овие податоци јасно ни кажуваат – не смееме да дозволиме да се случи нуклеарна војна“, рече климатологот Алан Робок од Универзитетот Рутгерс.

Земји каде што може да се преживее

Истражувањата покажаа дека најдобрата шанса да се преживее нуклеарната војна меѓу САД и Русија би била селење во Австралија или Аргентина бидејќи тие земји би можеле да произведат доволно храна со оглед на тоа што веќе одгледуваат поотпорни култури.

Во најлошото сценарио, Австралија и Аргентина имаат најголеми шанси нивната цивилизација да преживее една деценија по нуклеарниот конфликт, изјави Алан Робок за Тајмс.

„Нов Зеланд исто така би имал подобра ситуација од другите земји. Но, доколку се случи тоа сценарио, ќе има голем прилив на бегалци од Азија и други области каде што би имало недостиг на храна“, додаваат тие.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски