Научниците објавија дека откриле планета на која би можела да постојат услови за живот на луѓето.
Планетата, која е наречена Кеплер 62Ф, е за околу 40 отсто поголема од Земјата и еднa е од петте планети кои орбитираат околу ѕвезда нешто помалa и постудена од нашето Сонце, објави „Индепендент“.
Сите компјутерски симулации кои се изведени досега покажаа дека на таа планета има услови за живот.
Сепак, се уште е рано за пакување на куферита за заминување на Кеплер 62Ф. На планетата за почеток и е потребен јаглерод диоксид во атмосферата, кој би спречил замрзнување на водата, но научниците веруват дека тоа не би било проблем да се направи, кога луѓето би дошле на неа.
– Ние пронајдовме повеќе атмосферски соединенија кои би овозможиле доволно топлина за течната вода на површината на планетата, изјави Умав Шилдс од Универзитетот во Калифорнија
Исто така, проблем претставуа и оддалеченоста на Кеплер 62Ф, која се наоѓа на 1.200 светлосни години од Земјата.
Кеплер 62Ф е само една од 25-те од вкупно околу 2.300 досега откриени планети надвор од Сончевиот систем, за кои се претпоставува дека имаат услови за живот на луѓе.