Научниците најдоа доказ дека мозокот функционира и по смртта

Од:

Опсежното истражување што го спроведоа научници од британскиот Универзитет од Саутхемптон дојде до изнандувачки сознанија дека човековиот мозок продолжува да функционира и откако срцето ќе престане да работи.

Досега се сметаше дека мозокот престанува да работи во рок од околу 30 секунди откако срцето ќе престане да чука, но со ова истражување, со кое биле опфатени над 2.000 лица, научниците дојдоа до сознание дека починатите лица се свесни за тоа што се случува околу нив и до три минути по официјалната смрт.   

– Спротивно на општоприфатеното мислење, смртта на настапува во еден момент, туку тоа е реверзибилен процес кој настанува со постено престанување на функционирањето на срцето, белите дробови и мозокот. Ако лекарите успеат повторно да го „оживеат“ срцето, говориме за застој во неговата работа, но доколку не се успее во тоа тогаш велиме дека настанала смрт, објасни раководителот на истражувачкиот тим, д-р Сем Парнија.

Од разговорите со 2.060 лица од Австрија, САД и Велика Британија, кои доживеале т.н. клиничка смрт, научниците дошле до сознанија дека околу 40 проценти од нив во одредена мерка се сеќаваат на настани и откако биле прогласени за починати.

– Тоа покажува дека некои лица имаа одредени сеќавања за настани, дури и откако ќе починат, но со тек на време тие сеќавања бледеат или целосно исчезнуваат како последица на оштетување на мозокот или под дејство на лекарствата, додава Парнија.

Од вкупниот број испитаници два проценти изјавиле дека за време на клиничката смрт доживеале „вонтелесно искуство“, а речиси половината од нив не се сеќаваат на никакви детали во текот на клиничката смрт, но рекле дека чувствувале страв. 

Еден од испитаниците, 57-годишен маж, до детали ги опишал настаните што се случувале околу него во периодот од кога паднал во клиничка смрт до моментот кога повторно е оживеан.

Парнија вели дека ова е од голема важност, бидејќи досега искуствата што ги раскажуваа лицата кои имале клиничка смрт се сметаат за илузии или халуцинации.

– Ова е првпат сите детали да се идентични со вистините настани. Во овој случај утврдивме дека пациентот бил целосно свесен за се што се случувало околу него во период од три минути додека не му работело срцето. Тоа е парадоксално, затоа што мозокот по правило престанува да функционира за 20 до 30 секунди по застанувањето на срцето, нагласи Парнија.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска