Научниците на ЦЕРН на чекор да ја откријат темната материја

Од:

Меѓународниот тим на истражувачкиот центар на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН соопшти дека е на чекор да ја открие мистериозната црна материја, која зафаќа дури една четвртина од космосот, но никогаш не е видена, пренесуваат светските агенции.

Научниците наведуваат дека во текот на проучувањето на космичките зраци забележани на Меѓународната вселенска станица, откриле нешто за кое сметаат дека е траг на темната материја.
Шефот на проектот, Самјуел Тинг во седиштето на организацијата во Женева изјави дека се потребно уште податоци за да научниците бидат сигурни дека е забележана темната материја.

Физичарите истакнаа дека конечната идентификација на темната материја би отворила нови полиња за истражување, вклучувајќи ја и можноста за повеќе универзуми и други димензии.

Темната материја, која ја опкружува галаксијата ширум универзумот, е невидлива бидејќи не рефлектира светлост.

Планковиот телескоп на европската вселенска агенција, минатата недела обелодени податоци веднаш по големиот прав пред 13,8 милијарди години, кои покажуваат дека темната материја сочинува 26,8 проценти од масата на универзумот, што е многу повеќе од поранешните проценки.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

А1он

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска