Научници од Универзитетот во Хјустон развија воздушен филтер кој го уништува коронавирусот

Од:

Научници од Универзитетот во Хјустон развија воздушен филтер кој има способност да го уништи коронавирусот. Во претходно спроведените лабораториски тестови, филтерот уништил 99.8 отсто од честичките на вирусот, тврдат научниците.

Иновативниот воздушен филтер кој го развиле се заснова на никел пена загреана на над 200 Целзиусови степени. Бидејќи коронавирусот не може да преживее температури над 70 Целзиусови степени, научниците решиле да се потпрат на идејата да создадат филтер кој ќе загрева.

Тие користеле никелна пена, која е флексибилна и лесна за загревање. Преку деформирање на пената и нејзино поврзување со повеќе жици, истражувачите кои работеле на овој проект биле во можност да постигн температурата на 250 Целзиусови степени, а со тоа и целосно да ги уништат честичките на вирусот.

Научниците од Универзитетот во САД гледаат потенцијална примена на уникатниот филтер за воздух во системите за климатизација и греење на болниците, училиштата, деловните згради, аеродромите, авионите и во бродовите. Создавачите на овој проект веруваат дека преку имплементирање на воздушниот филтер ќе може да се ограничи концентрацијата на вирусот што е присутен во затворени простории, иако додаваат дека тоа не единственото решение во борбата против смртоносниот вирус.

Би можело да ве интересира

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

САД повторно испраќа воена помош за Украина

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма