Жена се обиде да влезе во бразилската претседателска резиденција во главниот град Бразилија, и тоа само за да му искаже љубов на претседателот Мишел Темер, пренесе ТАСС.
– Мишел Темер, те сакам! …Не сакам да умрам, а да не те видам!, викала таа влетувајќи во објектот.
Обезбедувањето се обидело да ја изведе надвор, но тогаш жената се онесвестила, па требало да ја освестуваат. На крајот се согласила доброволно да излезе, откако и ветиле средба со Темер.
Мишел Темер (76) е оженет за поранешниот топ-модел Марсела Араужу. Двојката има и син – Мишел Темер помладиот.
Инцидентот се случи во момент кога сe oчекува одлуката на Врховниот изборен суд во Бразил околу делото за незаконско финансирање на предизборната кампања во 2014 на Дилма Русеф, кога Темер беше потпретседател. Ако Судот пресуди дека има незаконско финансирање, изборите може да бидат поништени и тоа ќе значи дека Темер, којшто ја презеде претседателската функција по отстранувањето на Русеф, може исто така да биде отстранет.