НАТО: Во последните шест месеци немало напад на пирати во Аденскиот Залив

Од:

Во последните шест месеци немало ниту еден успешен напад на пирати врз бродови во реонот на Аденскиот Залив, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кој го прими во штабот на НАТО во Брисел премиерот на Џибути Дилејта Мохамед.

Двајцата соговорници потпишаа документи со кои во бирото за врска на НАТО во африканската држава ќе биде испратен воен аташе.

Без да се повикува на точни информации, Расмусен изјави дека благодарение на меѓународните сили, распоредени во реонот на Аденскиот Залив, бројот на пиратските напади изминатава година драстично се намалил.

Мохамед истакна дека неговата земја е единствената држава во регионот со трајна стабилност, која игра позитивна улога во борбата против тероризмот и пиратството.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана