НАТО спроведува вежба за нуклеарно одвраќање во северозападна Европа

Од:

Десетици авиони од земји членки на НАТО учествуваат во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon“ во северозападна Европа.

На НАТО вежбата се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови“, соопшти Воздухопловната команда на НАТО, пренесе Анадолија.

Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни.

– Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот, додаде Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море